Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх

уторак, 29. октобар 2013.

Денот на гладта и Светски ден на храната

Светскиот ден на храната се одбележува на 16. октомври, во целиот свет, на денот на основањето на Организацијата за исхрана и земјоделство (ФАО).
ФАО на 16. октомври 1945 година во Квебек го основале ОН со цел за подобрување на нивото на исхраната и стандардите, како и за унапредување на земјоделското производство и живото во селските заедници. ФАО брои 194 земји членки.
Светскиот ден на храната е прогласен на 20. конференција во 1979. година, за да се потсети важноста на храната, пороблемот со недостиг на храната во светот и борбата против гладта, како и на фактот дека се уште во светот нема доволно храна за сите.

Според податоците на ОН, секој седми човек на светот не знае дали ќе има доволно храна за да го преживее денот, повеќе од 900 милиони луѓе во светот гладуваат, а две милијарди се неухранети.

четвртак, 10. октобар 2013.

Детска недела 2013/2014 ООУ "Димитар Миладинов"


Во рамките на „Детската недела“ денес во ООУ „Димитар Миладинов“ Општина Центар - Скопје се одржа свечен прием на првачињата во Детската организација. На приемот присуствуваа првачињата со своите наставнички и другарчињата од петтите и шестите одделенија кои им подготвија интересна приредба. Првачињата дадоа свечена заклетва со која ветија дека вредно ќе учат и работат.

четвртак, 03. октобар 2013.

Прошетка низ Зоолошката градина, Скопје

Зоолошката градина Скопје е формирана во 1926 од страна на тричлена комисија со која раководел д-р Станко Караман. Во истата 1926 година е предложена денешната локација која во тоа време опфаќала 4 ha површина, а Градината располагала со скромен број на животни кои претежно биле добиени како подарок.
Со решение на Градското собрание во 1965 година и со донесувањето на елаборатот во 1966 година за ново урбанистичко решение, Зоолошката градина Скопје го добива денешниот изглед. Денес, градината е лоцирана на површина од 96.894 m² и располага со 503 животни, од кои: 261 птица од 36 вида, 230 цицачи од 42 вида и 16 влекачи од 8 вида. Основни дејности на градината се: културна, образовна и научна, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност.