Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх

петак, 20. септембар 2013.

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МИРОТ

ENO Tree Planting Day

Го одбележавме Денот на мирот, засадивме дрвја.
Уште во 1981 година Генералното собрание на Обединети нации прогласи Меѓународен ден на мирот. Во 2001 година за Меѓународен ден на мирот беше прогласен 21 септември.
Резолуцијата вели: „Меѓународниот ден на мирот е ден за глобално прекинување на огнот и за ненасилство, покана до сите нации и луѓе на тој денот да ги прекинат сите непријателства...“
„Ги повикува сите земји членки, организации во системот на Обединетите нации и невладините организациии, сите лица на соодветен начин да го одбележат Меѓународниот ден на мирот, вклучувајќи образовни активности и подигање на јавната свест, како и соработка со Обединетите нации во воспоставување на глобално прекинување на огнот.“
Овој ден нуди можност поединците, организациите и нациите на ист ден да изведат практични активности за мир. На овој ден, милиони луѓе учествуваат на настани како што се концерти, работилници и собири за мир.

Нашето училиште, ООУ Димитар Миладинов, Општина Центар Скопје, веќе шест годони Денот на мирот го одбележува со садење дрвја.