Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх

понедељак, 20. мај 2013.

Манастир Свети Никита, Бањани



Манастирот е значаен споменик на средновековната македонска архитектура и живопис. На темелите од постара црква, кралот Милутин ја подигнал манастирската црква како своја задужбина во 1307/8 година. Скоро во исто време од споменатиот владетел била подигната и една капела од јужната страна на црквата, која била посветена на св. Јован Претеча. Црквата на манастирот Св. Никита била неколкупати поправана. Во 1574 година јужниот влез бил поправен а според еден натпис од 1692 година црквата била обновена. Тогаш наполно била урната и капелата посветена на св. Јован Претеча. Во XIX век на куполата е изградена нова калота поради тоа што старата била урната. Архитектонски, црквата е решена во форма на впишан крст во правоаголно пространство, купола подигната со помош на пандантифи и четири червртести столбови. Ѕидана е од камен и тули поврзани со малтер. За украс на фасадите применети се слепи аркади исполнети со разни геометриски орнамнти, кои на споменикот му даваат декоративен и живописен изглед. Ова особено е потенцирано на олтарната апсида. Првобитните мали прозорци на јужната и северната страна на црквата биле затворени а на нивно место отворени се други во вид на бифори.

Живописот на црквата потекнува од времето кога е градена, со исклучок на некои делови како што е случајот со фреските од куполата каде има понов живопис од XIX век. Потребно е да се каже дека во црквата има фрагментирано сочуван и постар живопис, од старата првобитна црква на чии темели е подигната денешната, и тоа во долните делови на ѕидовите од столбовите и во олтарната апсида. Врз основа на натписот кој се наоѓа на штитот од Теодор Тирон на јужниот ѕид во првата зона се гледа дека црквата ја зографисале зографите Михалјо и Евтихие. Истите мајстори се автори и на фреските во црквата Св. Климент (Богородица Перивлептос) во Охрид, и црквата Св. Ѓорѓи во село Старо Нагоричане, Кумановско. Живописот на црквата Св. Никита, како и кај други цркви, е поделен во зони. Првата зона ја сочинуваат светителите во цел раст "Христовите чуда",од кои посебно се истакнува композицијата "Свадбата во Кана". Во оваа композиција еден од присутнине е насликан со грб спрема гледачот. Сличен пример има и во црквата Св. Богородица Перивлептос, каде сликале истите мајстори и тоа во композицијата "Тајната вечера". Некои личности, како што е детето кое пита се прикажани на многу реалистичен начин. Покрај оваа сцена, во таа зона се насликани и композициите: "Исцелителите на младата жена", "Христос од Самарјанката", "Исцеление на младиот човек од водена болест", "Изгонувањето на трговците од храмот", што се наоѓа на северниот ѕид, мошне интензивно делува ликот на Евреинот, менувач на пари кој во левата рака држи кутија, а во десната каса со пари. Третата зона ги илустрира "Христовите маки". Меѓу зачуваните и позначајните композиции се: "Тајната вечера", "Миење на нозете на апостолите", "Качување на крстот", "Симнување од крстот" и "Оплакување". Во олтарната апсида е Причестувањето на апостолиежте, додека на западниот ѕид е "Успението на Богородица". Во живописот на Св. Никита се согледуваат извесни разлики од живописот на Св. Климент што секако се јавуваат како последица од еволуцијата на разбирањата на уметниците. Додека во Св. Климент (Богородица Перивлептос), подигната неколку години порано, сеуште преовладува извесна монументалност, карактеристична за живописот од претходните периоди. Во црквата Св. Никита јасно се изразуваат тенденциите на опширна наративност, која во XIV век ќе доминира во повеќе цркви во Македонија. 


,

Нема коментара:

Постави коментар