Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх

субота, 04. мај 2013.

Гоце Делчев

110 години од смртта на Гоце Делчев


Роден е во 1872. година во Кукуш, Егејска Македонија како трето дете во семејството Делчеви.
Татко му Никола Делчев бил кукушанец, а мајка му Султана Нурџиева потекнува од блиското село Мурарци.
Во 1879 - 1880, започнува да го посетува прогимназијалното училиште во Кукуш, а потоа го завршил средното образование во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј". Се запишал во Воената академија во Софија во 1891. Подоцна, како питомец во военото училиште во Софија тајно ги посетувал социјалистичките кружоци и ја ширел социјалистичката литература, за што е исклучен од училиштето. Делчев станал учител во Штип во 1894 каде што се запознава со Даме Груев, еден од основачите на ТМОРО. Како резултат на блиското пријателство меѓу двајцата, Делчев и се придружил на Организацијата во 1895, набрзо станувајќи нејзин водач.
Во летото 1896, во Солун се одржува конгрес на македонските и одрински револуционерни сили. На конгресот присуствува и Гоце Делчев. Гоце Делчев и Ѓорче Петров се ополномошни да изработат Устав и Правилник, а изработениот устав носи наслов: „Устав на Тајната Македоно-Одринска Револуционерна Организација". На почетокот на јануари 1898 год. се установува четничкиот институт, а Гоце Делчев е назначен за началник на сите чети во Македонија.
За време на честите обиколки низ Македонија работи на создавање организациона мрежа со здрави и цврсти бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Цел е автономија или целосно ослободување на Македонија и Одринско од османлиското ропство и создавање на независна македонска држава.
За да го отстрани, или барем да го неутрализира разбивачкото влијание на бугарскиот двор и неговата агентура тн. „Врховен македонски комитет", Гоце, и како задграничен претставник, активно дејствувал врз нивните претставници да се откажат од неповиканото мешање во внатрешните работи на Револуционерната организација, која претставува единствен легитимен претставник на македоно-одринското ослободително движење, и да дејствуваат само како помошна сила за материјално помагање на Организацијата. Во нивното отстранување, Гоце водел бескомпромисна борба против мешањето на бугарските влади и челниците на врховистичките македонски комитети.
Во јануари 1903 год., Гоце Делчев се изјаснува отворено како прв против кревање на востание во Македонија таа година, познато потоа како „Илинденското востание“, како преран и неподготвен чекор.
Вечерта на 2 мај 1903, Гоце Делчев пристига во селото Баница, на мала оддалеченост од Серез. За престојот на Гоце Делчев во Баница известена е турската управа.
Во текот на денот, на 4 мај 1903 во борбите при излегување од селото, Гоце Делчев бил погоден во левата града, паднал врз пушката, се обидел да се крене и паднал мртов. Неговите посмртни останки прво се пренесени во Бугарија, за на 11 октомври 1946 година да бидат пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас.

Нема коментара:

Постави коментар