Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх

субота, 06. април 2013.

Од првиот телефон до денешниот паметен телефон


ТЕЛЕФОН
Дамнешната желба на луѓето да можат да комуницираат помеѓу себе на поголеми растојанија е преточена во конкретна можност со пронаоѓањето на првиот телефонски апарат од страна на  Александар Греам Бел кој прв го има патентирано во 1876 година и подоцна е доразвиен од страна на многу други научници. Со тоа беше овозможен развој на телефонската комуникација помеѓу луѓето на големи растојанија. 
- Телефон ( теле-далеку и фон-глас) е телекомуникациски уред кој овозможува  два или повеќе корисници да водат разговор ,кога тие не се во близина или немаат физичка видливост помеѓу нив. Телефонот го конвертира човечкиот глас во електрични  сигнали  кои се погодни за пренос преку кабли или други медиуми на долги растојанија
- Всушност телефонот е развиен  во тек на подобрувањето на работата на телеграфот кој бил претходно развиен и патентиран .Во тек на овие експерименти на кои работеле  Александар Греам Бел и неговиот асистент Томас А. Вотсон дошле до откритието како да го претворат говорот во електричен сигнал и како да го испратат по жица. Први зборови изговорени преку телефон се "Mr. Watson -- come here -- I want to see you." (Господине Вотсон дојдете кај мене – сакам да ве видам)
- Денес постојат повеќе типови на телефонски апарати  кои се користат во комуникацијата помеѓу луѓето така да имаме обични фиксни телефони кои се врзани на главната телефонска централа преку еден пар бакарни жици,имаме безжични или радио телефони или безжични мобилни телефони како и исто така безжични сателитски телефони.
- Телефони по изведба можат да се поделат во повеќе групи и подгрупи според типот на приклучок на телефонската централа и според самата изведба на телефонскиот апарат .
1. Според начинот на приклучок на телефонската централа имаме жично приклучени и безжично  приклучени телефонски апарати.
2. Според техничката изведба имаме  аналогни и дигитални апарати.
- Основата на  сите телефони е микрофонот (предавател) и слушалката (приемник) на говорот  и во овие два елементи се врши конверзацијата на говорот од и во електричен сигнал. Другите елементи во телефонот имаат функција да го олеснат проследувањето и приемот  на  овој електричен сигнал .
- Основата на телефонијата е претварањето на звукот како производ  од брзи флуктации на атмосверскиот притисок врз ушното тапанче во електричен сигнал . 
- Ако флуктациите се неправилни и не периодични звукот се нарекува бучава Квалитетот на звукот зависи од промените  на притисокот по единица време како и од амплитудата на секој циклус.
- Кај старите модели на  телефони може да се забележи нивата релативна едноставна конструкција со мал број на составни делови. Во истите се користат само пасивни елементи  како микрофон, слушалка ,трансформатор и отпорници, како и електромагнетно звонче.
- Неопходниот услов за успешнен систем на телефонија е способноста да се репродуцира звукот и тој звук да има задоволителен квалитет.
- Сите телефонски апарати ги имаат следниве делови: микрофон, слушалка, звонче и бирач.
- Микрофонот и слушалката се ставени во едно куќиште  и служат за вршење на разговорот .
- Ѕвончето служи за сигнализација на дојдовни повици.
- Бирачот служи да се избере саканиот број и може да има разни изведби како механички така и електронски.
ПРИНЦИП НА РАБОТА НА ТЕЛЕФОНОТ
- Микрофонот е од  јаглерод и тој е главниот елемент каде говорот од звучен се претвара во електричен сигнал.
Истиот работи на следниов принцип: Неговата изведба е така да позади надворешната мембрана има дел полн со јаглероден прав кој има својство да ја проведува електричната струја и во сосгласност на надворешната промена на притисокот врз мембраната од говорот и од надворешните звуци се менува електричната отпорност на јаглеродниот прав и се пропушта струја во ритам на надворешниот говор.Така да се добива струја со променлива врдност која понатаму преку спојните кабли се пренесува понатаму и истата на другиот крај од врската се претвора во говор со помош на слушалка.
- Слушалката  е електромагнетна  и електричниот сигнал го претвара во звук  и служи за репродукција на говорот.
- МТК (микро-телефонска комбинација) е дел од телефонот во кој се сместени  микрофонот и  слушалката и истата е ергономски прилагодена на  лицето на човек при што микрофонот  се наоѓа во висина на устата додека слушалката е во висина на увото .
- Бројчаникот  служи за бирање на саканиот број и во текот на повикот истиот врши механичко прекинување на телефонската линија при што во интеракција со телефонската централа се избира саканата дестинација за разговор.
- Ѕвончето е елктромагнетен  уред за конвертирање на позивниот електричен сигнал во  звучен  поточно во звонење и со тоа се сигнализира на корисникот дека некој сака да разговара со  него.
- Трансформаторот и отпорникот   се пасивни елементи кои овозможуваат електричните сигнали внатре во телефонот да се засилат и прилагодат за да може да се испратат преку телефонската линија до главната телефонска централа.


ОПШТО ЗА ТЕЛЕФОНИЈАТА 
- За да се оствари  посакуваната врска со друг корисник потребно е телефонскиот апарат да има подршка од  телефонска централа или PABX (Private Branch Exchange)
- За успешна врска потребен е уште еден елемент  или PSTN ( Public switched telephone network ) кој претставува врска помеѓу телефонскиот апарат и телефонската централа  и воедно го гради целокупниот систем  кој ни овозможува слободно да можеме да го добиеме секој корисник на телефонски апарат во било кој дел од светот.

РАЗВОЈ НА ТЕЛЕФОНИЈАТА
- Од првите аналогни телефони со можност за бирање со помош на бројчаник  се помина на аналогни телефони со користење на тастатурно бирање (Мулти Фреквентно  ) а понатака со развојот на електрониката  која најде голема примена во телефонските апарати се дојде до аналогни безжични телефонски апарати кои понатака поради зголемување на квалитетот поминаа во дигитална изведба .

ДЕНЕШНА ТЕЛЕФОНИЈА
- Денес целиот свет е поврзан во една глобална комуникациска мрежа преку која е возможно  од било кој дел на светот да се оствари врска со било кој дел на нашава планета .За тоа да се овозможи  беше неопходно да се развијат повеќе типови на платформи на подршка на самите телефонски апарати и истите да се интегрираат во една мрежа.
- Така денес имаме повеќе типови на телефони кои се користат  и кои работат на различни типови на платформи.
- Основата и денес ја чинат фиксните телефонски претплатници кои се во најголем дел од постојаните мрежи.Истите користат двожичен бакарен вод за врска до  јавната комунукациска мрежа и истите  можат да бидат аналогни или дигитални ,жични или безжични.
- Во поново време во поголем обем се користат мобилните телефони кои претставуваат врв на модерната комуникација  и со нив се овозможува целосна покриеност со цел на достапност до крајниот и со него може да се оствари комуникација во било кое време и на било кое место .
- Најнов  сегмент во разојот на телефонијата е новата платформа наречена  VOIP (voice over internet protocol)  со која се овозможува комплетна достапност  и во исто време задржување на истите пристапни параметри кон еден корисник без разлика каде во кој дел на светот се наоѓа корисникот .
1. Како прв пример  можеме да го дадеме популарниот сервис  “SKYPE “  преку кој можеме да вршиме телефонски јавувања било каде во и од светот каде постои интернет конекција дали жична или безжична.
2. Преку истиот сервис можеме да оствариме исто така и видео врска при што се овозможува да го гледаме корисникот од другата страна  во текот на разговорот.
3. Постојат повеќе такви сервиси преку кои со помош на интернетот можеме да оствариме видео и телефонска врска.
- Мобилните телефони користат  најнова платформа на сервиси така да со развојот на најновата генерација на таканаречени паметни телефони е овозможено на еден телефон да имаме можност за бирање на телефонски броеви преку имплементирани различни решенија.
1. Може  да се користи GSM   мрежата за класични мобилни разговори при што се користи постојаната мрежа на предаватели за мобилна телефонија.
2. Може да се користи  3G  мрежата и да се користи повик преку интернет со помош на “skype”  или  “wiber”.
3. Преку истите сервиси може да се оствари и видео повик ако телефонот го подржува тој сервис.
4. Најнов хит кај паметните телефони е можноста да се прати ТВ програма  во живо и тоа со неограничен пристап од сите  локации.

ЗАКЛУЧОК

Можеме да заклучиме дека телефонот кој е измислен кон крајот на 19 век  и срамежливо се развивал низ децениите потоа, денес со развојот на мобилната технологија ги достигнува најсветлите мигови  на своето постоење   и со тоа се оправдало неговото пронаоѓање  и можеме да кажеме дека денес без мобилен телефон не може да се замисли  нормалното живеење на современиот човек. 
Елизабета Бошнаковска

Нема коментара:

Постави коментар