Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх

четвртак, 21. март 2013.

„Скопје градот на цвеќето - Скопје градот на розата“

Денот на пролетта - 21 Март
“Бели рози за Денот на пролетта
Целта на кампањата  “Бели рози за Денот на пролетта” , е Скопје да се направи град на белите рози. Кампањата е поттикната и од резултати од студијата „Присуство на олово и други тешки метали во животната средина во градот Скопје“, реализирана во 2 фази во 2002 година на територија на град Скопје. Предмет на испитување се почви, рози и треви на иглолисни растенија, листопадни растенија со покрупни листови и листопадни растенија со поситни листови.
Во заклучоците од студијата се препорачува користење фиторемедиација, метод на користење одредени видови растенија кои имаат способност да ги задржат и акумулираат штетните елементи (тешки метали) од водата, воздухот и почвата. Розите се повеќегодишно украсно растение, кои апсорбираат големи количества олово и кадмиум во себе. Овие тешки метали се исклучително штетни за здравјето на луѓето.


Учениците од ООУ "Димитар Миладинов" Општина Центар Скопје, денес засадија осум борови дрвца, го исчистија училиштето и училишниот двор, организираа продажна изложба, а од спечаленото ќе купат расад од бели рози и идната седмица ќе ги засадат во училишниот двор.















Нема коментара:

Постави коментар