Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх

среда, 06. фебруар 2013.

Реновирана училница по руски јазик за изучување на рускиот јазик од најрана возраст во ООУ "Димитар Миладинов" Општина Центар Скопје

Во ООУ Димитар Миладинов од Општина Центар,Скопје, на 07.02.2013 година ќе се одржи свечено отворање на реновираната училница по руски јазик за изучување на рускиот јазик од најрана возраст.


Училиштето се гордее со тоа што е единствено Основно училиште во градот Скопје кое го изучува рускиот јазик, застапен  во сите години на основното образование.  Рускиот јазик се изучува како втор странски јазик од VI IX одделение, но со Проектот - Изучување на рускиот јазик од најрана возраст го изучуваат по избор и најмалите од I-V одделение. Токму за нив е наменета оваа нова реновирана училница, која се наоѓа на приземјето  од училиштето.

Најзаслужни за оспособување на оваа училница е Амбасадата на Руската Федерација  со финансиска помош на нафтената компанија ЛУКОИЛ, во соработка со Општина Центар и раководството од нашето училиште. Координатор на овој проект е Демчик Елена  во соработка со сите наставници од училиштето и со голема љубов од најмалите ученици. На свеченото отворање се очекуваат Амбасадорот на Руската Федерација – Олег Шербак, Аташето за култура- Валентин Огнев, Директорот на ЛУКОИЛ- Андреј Кука, Градоначалникот на Општина Центар - Владимир Тодоровиќ и други одговорни лица. Сите нив ќе ги поздрави директорката на нашето училиште Маја Ангелова и ќе им додели признанија за нивниот ангажман во реновирањето на училницата и донирањето на опрема за успешно одвивање на наставата по руски јазик. Целата оваа свеченост ќе биде збогатена и со мала приредба од страна на учениците кои го изучуваат рускиот јазик.
07.02.2013

Нема коментара:

Постави коментар