Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх

среда, 6. фебруар 2013.

,, Корупција - ја сечеш гранката на која седиш,,



Во соработка со ДКСК - Државна комисија за спречување на корупција на РМ и наставникот по граѓанско образование Билјана Георгиевска 
со  учениците од  7. одделение   
од ООУ  “Димитар Миладинов”  Општина Центар Скопјe
беа одржани работилници со мотото: 
                   "Корупција - ја сечеш гранката на која седиш"


Корупцијата за општеството претставува исто како црвот во  јаболкото. Таа ја заобиколува чесноста и праведноста, ги фокусира тие што со парите или вршејќи други услуги си ,,купуваат,, оценка во училиштето , место во училишниот тим, убаво работно место и сл. И покрај тоа што постојат луѓе кои со своето знаење, труд, залагање и вештини се подобри од нив.

Антикорупција претставува борба која е насочена кон оневозможување на корупцијата, односно борба за еднаквост на сите. Во образованието оценувањето на знаење  се врши јавно на час, пред сите ученици.

Државна комисија за спречување на корупцијата е тим од стручни луѓе, кои планираат превентивни мерки за спречување на корупцијата, а со документите што ги носат ги задолжуваат сите институции во државата да спроведуваат антикорупциски  мерки.

Одржувањето на овие едукативни работилници беа со  цел на  учениците да им се објасни дека  корупцијата не познава пол, професија, вероиповед, возраст, степен на образование, нагласувајќи дека таа е негативен дел од денешницата и од неа треба да се заштитиме.Учениците се запознаа со поимите корупција и антикорупција и механизми за спречување . Преку определени активности научија да анализираат ситуации, личности и настани поврзани со корупцијата и начинот на нивното спречување. Се ставаа во улога на активени граѓани  кои ќе придонесат за развој на модерно демократско општество.

Стоп за корупцијата – создава нееднаквост, ги намалува можностите на немоќните, ги фокусира неспособните, го спречува развојот.

Како резултат на  целата таа соработка и сите  одржани едукативни  работилници , учениците изработија   кусометражен филм преку кој испраќаат порака:

Сакаме еднаквост, сакаме знаење - СТОП ЗА КОРУПЦИЈАТА

Нема коментара:

Постави коментар